Какви се шансите Македонија да биде трета во групата? Вечерва навиваме за Ангола

Gol.mk на светско првенство во ракомет

Македонската репрезентација веќе е во осминафиналето на Светското првенство во Франција, а сега наредна цел на момците на Лино Червар е да го избегнат четвртото место кое води на мегдан на домаќинот Франција во осминафиналето.

Има неколку варијатни како би биле третопласирани, а првата може да се случи уште вечерва ако Ангола го совлада Исланд.

- Ангола да го победи Исланд во мечот од четвртото коло

- Ангола и Исланд да играат нерешено, а Македонија да ремизира со Шпанија

- Ангола и Исланд да ремизираат, а нерешено да заврши и натпреварот Македонија - Исланд

- Македонија да ја совлада Шпанија во мечот од четвртото коло

- Македонија да го победи или ремизира со Исланд во меѓусебниот дуел.