ВИДЕО: Каква реакција на „ладниот“ Динар - Французинот бурно се радуваше во лицето на делегатот

Дидие Динар

Ракометната репрезентација на Франција не успеа да ја одбрани светската титула, но затоа се закити со бронзата на Мундијалот во Данска и Германија.

Во малото финале, „триколорите“ ги победија Германците во неизвесен натпревар во кој решаваа деталите. На крај, херој на француската селекција беше Никола Карабатиќ кој постигна погодок во последната секунда за конечна победа од 26-25.

Во моментите на одлука цела своја емоција ја покажа и секогаш мирниот Дидие Динар, францускиот селектор, кој буквално експлодира по победата на неговите избраници. Целиот бес го истури во лицето на делегатот на натпреварот најмногу поради неколкуте сомнителни одлуки на судиската двојка во полза на домаќинот.

Погледнете ја реакцијата на Динар: