• Горан Упале

Битолски Еурофарм Пелистер покажа ново лице против моќниот Кил. „Зелено-белите“ го намачија европскиот гигант во Битола, но на крај бодовите заминаа за Германија. Момците на Јовиќ покажаа квалитет и голема борбеност, а ја одиграа и најдобрата акција на натпреварот.
Кон средината на вториот дел пелистерци ја изиграа гостинската одбрана, откако Тајник на мајсторски начин го проигра Пешевски, кој по атрактивниот погодок испрати бакнеж кон домашната публика.
- Акцијата на пелистерци против Кил:
Следен предизвик за „зелено-белите“ ќе биде гостување во Париз, кај моќниот ПСЖ. Овој натпревар се игра на 12 октомври.