ВИДЕО: Каков старт на шампионатот – Тулуз со гол од 13 метри го сруши Сант Рафаел!

Со шест натпревари, синоќа стартуваше новиот шампионат на ракометна Франција, на кој титулата ја брани екипата на ПСЖ, предводен од поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез. 

Парижани без многу проблеми со победа од 10 разлика против Истрес ја отворија новата сезона, додека највозбудлив беше мечот во Тулуз, каде домашната екипата со звукот на сирената и со „бомба“ од преку 13 метри на Бен Халима со 33-32 славеше на дуелот со Сант Рафаел. 

  • Лудиот финиш и голот на младиот Французин за победа на Тулуз: 

Од синоќешната програма први бодови запиша и Монпелје, а вечерва за прва победа ќе се бори Нант на Лазаров против Данкерк.