Каков потег во клучен момент: „Цепелин“ на Велковски и Силва за потврда на победата! (ВИДЕО)

Ракометарите на Алкалоид славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 25-29 во првиот финален натпревар од Европскиот куп на ЕХФ. Скопскиот тим го преживеа пеколот и пред речиси 9.000 грчки фанови забележа историска победа, а сега шеесет минути го делат од трофеј. 

Младите момчиња на Кирил Лазаров одново покажаа карактер. Во клучен момент кога се кршеше резултатот акцијата стигна до Мартин Велковски кој беше на крило, тргна да шутира и го измами голманот, а потоа му фрли цепелин на Франциско Да Силва кој поентира за клучни три разлика. 

Алкалоид славеше со четири гола разлика, па на реванш натпреварот во Скопје следната седмица ќе се бори за трофејот.