ВИДЕО: Каков меч на Мајиќ – ретко кој може да се пофали со 14 гола против Вардар! 

Екипата на Бутел е најпријатното изненадување на сезоната во Суперлигата, која е пред самиот крај. Новајлијата во лигата во своето премиерно издание најпрво се избори за плеј-оф, а потоа и за „фајнал-фор“ во Купот, а вечерва за првпат пред својата публика му се спротистави на моќниот Вардар. 

Очекувано, вардарци немаа поголеми проблеми и извојуваа сигурна победа од 31-43, но мечот беше посебен за левото крило на Бутел, Мирко Мајиќ. Црногорскиот ракометар одигра фантастична партија и беше нерешлива енигма за младиот Кизиќ, а одличната ноќ ја круниса со неверојатни 14 гола во вардаровата мрежа. 

  • Головите на Мајиќ против Вардар: 

>>> ПОВРЗАНО - Вардар броеше до 43 против Бутел, за „пет од пет“ во плеј-офот!

Покрај Мајиќ, во редовите на Бутел се истакна и Григориев со осум гола, додека кај Вардар најефикасни беа Неданоски со десет и Војводиќ со осум погодоци. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 8 8 0 0 269:222 47 24
2 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 8 6 0 2 254:213 41 18
3 МеталургМеталург 8 5 0 3 250:244 6 15
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 8 2 0 6 211:225 -14 6
5 Пролет 62Пролет 62 8 2 0 6 207:253 -46 6
6 ПелистерПелистер 8 1 0 7 219:253 -34 3