• Горан Упале

Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби и второто соочување со Црна Гора, но одново ги собра симпатиите кај нашата спортска јавност.
Подмладениот тим на Љубомир Савевски и на гости кај фаворизираниот противник одигра храбро и квалитетно, а овој натпревар беше посебен за младата Емилијана Ризоска. Ракометарката членка на Феникс АМС од Битола доби шанса за докажување и веднаш возврати со деби гол. Во стилот на легендата Валентина Радуловиќ со десна рака, од десно крило ја смести топката во црногорската мрежа и заслужено ѝ се радуваше на својот деби гол за А селекцијата.
- Деби голот на Ризоска во дресот на Македонија:
Инаку, 16-годишната Ризоска беше дел од големиот успех на кадетската селекција на Македонија на ЕФХ шампионатот во Литванија, каде го освои првото место.