Како Македонија може меѓу најдобрите дванаесет на ЕП 2020?

Ракометната репрезентација на Македонија ги знае сите комбинации пред третото коло на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Австрија, Шведска и Норвешка и знае што треба да направи за да оди понатаму.

По поразот од Чешка, ситуацијата во групата се искомпликува. Австрија има две победи, Чешка има една победа, а Украина е пред елиминација со два порази. Македонија има една победа и еден пораз, а во последното коло игра со Австрија.

За да оди понатаму Македонија треба да ја победи Австрија, со најмалку два гола. Во зависност од останатите резултати, или висината на нашата победа, ќе се знае дали нашиот национален тим ќе пренесе бодови во наредната рунда, со оглед дали понатаму ќе оди Австрија или Чешка.

Можно е Македонија да оди понатаму и со реми, ако Чешка во последната рунда загуби од веќе елиминираната Украина. Македонија може да се пласира во главната рунда ако ја совлада Австрија со еден гол разлика, но ќе мора да даде 32 или повеќе гола.