• Зоран Мишевски
Македонските навивачи делуваа обединето во моментот на интонирање на химната и од срце ја испеаа заедно со ракометарите. Моменти на тешки емоции во „вулканот“ од 15.000 луѓе во „Краков арената“, каде мечот меѓу Македонија и Полска само што започна.
Во колоритот од бело-црвени шалови има и една група од „црвено-жолти“ момци кои не престануваат да пеат. Само да продолжат во тој стил.