ВИДЕО: Како Џонов и Кристо ги „расплакаа“ младите металурзи во последните секунди! 

Екипата на Металург 2 можеби не заслужи, но вечерва го забележа вториот неуспех во елитата на мак-ракометот. Пред својата публика пулените на Игор Котевски беа поразени од Пролет со 32-33, во меч кој малку фалеше да заврши без победник. 

Главни „виновници“ за трите бода на Пролет се Иван Џонов и Кристијан Кристо, кои беа концентрирани во последните секунди и не дозволија изненадување во „Автокоманда“. Првиот, по соло-акција сигурно реализираше за водство на Пролет од 32-33, додека Кристо со одлична интервенција буквално пред последниот судиски свиреж го спаси својот тим да не остане без планираните два бода.

Погледнете како Џонов и Кристо ги „расплакаа“ младите металурзи во последните секунди:

Во првото коло Металург 2 беше поразен од Металург, додека Пролет го надигра фаворитот Охрид пред својата публика. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4