Кај дамите нема промени: Македонија останува со четири екипи во Европа

Европската ракометна федерација (ЕХФ) по мажите, го објави ранкингот и кај дамите за местата во евро-куповите во сезоната 2025/26 и таму нема промени за Македонија.

Како и претходно, Македонија нема да има тим во Лигата на шампионите. Последна екипа која играше во елитата беше ЖРК Вардар во сезоната 2017/18, пред распадот на ѕвездениот колектив.

Во Европската лига, Македонија има право на една екипа, додека во Европскиот куп бројот на тимови кои може да се пријават останува три.

Се очекува во оваа сезона ЖРК Ѓорче Петров да биде нашиот претставник во Европската лига на ЕХФ.