• Редакција Gol.mk

Женскиот ракометен суперлигаш, ЖРК Пелистер го доведе второто засилување за сезоната 2025/26. Средниот бек Невена Бундоска е нов член на битолскиот суперлигаш, откако денес потпиша едногодишен договор. Се работи за кадетска репрезентативка која настапува за Деспина од Прилеп.
Бундоска е дел од кадетскиот тим кој ќе игра на Олимписките младински игри во Скопје и Куманово, а потоа ќе се јави на прозивката во новиот клуб.
Претходно ЖРК Пелистер потпиша со Ана Стојчевска, поранешна ракометарка на Младост Ресен.
Новата сезона во женската Суперлига започнува во средината на септември.
