• Горан Упале

Македонската кадетска репрезентација продолжува со настапите на Европското првенство во Белград, откако избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16. позиција.
По тешкиот почеток на шампионатот и трите порази, избраниците на селекторот Горан Кузманоски успеаја да врзат две победи и да останат во игра за висок пласман, а со тоа и за место на Светското првенство во 2027 година.
Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде селекцијата на Фарските Острови. Натпреварот е закажан за во четврток од 12:00 часот, а победникот ќе продолжи во борбата за деветтото место, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Шведска.
Во оваа фаза од натпреварувањето ќе се одиграат и натпреварите Србија – Австрија и Полска – Израел, по кои ќе биде познат конечниот распоред за завршницата на шампионатот.
