ФОТО: Кадетите од Струга ја започнаа „мисијата“ СП! 

Кадетската машка репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настап на претстојното Светско првенство што од 6 до 18 август ќе се одржи во Скопје.

Селекторот Данило Брестовац вчера одржа лесен тренинг и ги подели првите совети. Подготовките во Струга се до 17 јули, потоа нашите надежи продолжуваат во Маврово, а завршната фаза ќе биде во Скопје. Македонија е во Група Ц заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

Македонија првиот натпревар на Мундијалот го игра на 06 август во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.