Кадетите на Алкалоид го освоија Меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Екипата на Алкалоид е победник на третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ што се одржа во Скопје.

Турнирот се игра во конкуренција на кадети, а годинава учесници беа осум екипи од кои три од странство. Алкалоид беше во конкуренција со екипите на Бутел Скопје (34-25), Струга (29-22) и РК Морнар од Црна Гора (25-23).

По трите победи, тимот од Автокоманда се пласираше во финалето каде што се сретна со екипата на Коњух од БиХ која беше најдобра во конкуренцијата на Еурофарм Пелистер, Вардар и романскиот Одорхеи.

Ова е втор пехар на РК Алкалоид на турнирот, откако го освои и второто издание на турнирот, одржано минатата година.