Кадети Шафхаузен го обезбеди потписот на Бојан Бељански

Кружниот напаѓач на српската ракометна репрезенација, Бојан Бељански потпиша за првакот на Швајцарија, Кадети Шафхаузен. По две и пол сезони во австрискиот Брегенц, освојувачот на сребрен медал од Европското првенство во Србија во 2012 година, пак ќе игра во Лигата на шампионите.

Бељански во следните две и пол сезони ќе го носи дресот на Кадети Шафхаузен, што е еден вид на враќање во швајцарскиот ракомет, бидејќи 31-годишниот кружен напаѓач претходно настапуваше за Луцерн.

Бојан Бељански во својата кариера го носеше и дресот на Синтелон, Гепинген и Арате.