Каденас ја одбра Аргентина и си замина од тренерското место во Мешков Брест

Помалку од една година од започнувањето на соработката, Маноло Каденас ја напушти тренерската позиција во екипата на Мешков Брест.

Шпанецот, кој во меѓувреме ја извршуваше селекторската функција во Аргентина, пристигна минатото лето како замена за Сергеј Бебешко. Очигледно дека третото место во СЕХА лигата и елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампионите не ги задоволија очекувањата на челниците на белорускиот шампион, па тренерот одлучи да направи промена.

Македонскиот првак Вардар им застана на патот на ракометарите на Каденас во полуфиналето од СЕХА лигата, кое го играа пред домашната публика во Брест.

Домашниот шампионат е друга приказна и место каде Мешков доминира во последните пет сезони. 

Местото на 64-годишниот шпански стратег до крајот на сезоната ќе го заземе неговиот сонародник Раул Алонсо.