Каденас не е повеќе селектор на Аргентина, ќе го наследи неговиот асистент

Иако играа одлично на последното Светско првенство, ракометарите на аргентинската репрезентација потфрлија на олимпискиот турнир во Токио, а цената за тој неуспех ја плати селекторот Маноло Каденас. Еден од ветераните на тренерскиот занает не е повеќе предводник на „гаучосите“.

По нешто повеќе од четири години соработка, Шпанецот ќе се посвети на клупскиот ракомет и ќе го води Адемар Леон во Европската лига оваа сезона. 66-годишниот стручњак ги водеше сите шпански гиганти, работеше во Полска и Белорусија, а покрај Аргентина, беше селектор и на Шпанија, со која освои сребрен и бронзен медал на Европските првенства.

Неговото место на кормилото на аргентинската репрезентација ќе го заземе неговиот долгогодишен асистент, Гиљермо Милано.