ВИДЕО: Каде ли ја протна, Георгиевски го даде нај-голот против Швајцарија!

Кирил Лазаров и Филип Кузмановски повторно беа нашите најдобри стрелци во дресот на Македонија, која со минимални 29-28 ја совлада Швајцарија и со победа ги заврши квалификациите за Европското првенство.

Но, покрај членовите на Нант и Хановер, вечерва во  македонскиот дрес блескаше и искусното крило Гоце Георгиевски. Ракометарот на Вардар повторно беше на висината на задачата, а зад своето име го запиша и најатрактивниот гол на натпреварот, откако од скоро мртов-агол најде решение како да го совлада Портнер и да ги одушеви македонските фанови.

  • Голот на Георгиевски против Швајцарија:

Лазаров и Кузмановски имаа по шест гола, додека Георгиевски броеше до четири. Треба да се пофали и настапот на голманот Митревски кој мечот го заврши со 17 успешни интервенции.