• Мартин Танасковски
Швајцарскиот ракометен клуб Амичитија Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, се соочува со сериозна финансиска криза, откако официјално прогласи банкрот.
Главната причина за ваквиот развој е повлекувањето на клучниот инвеститор, што доведе до значителен пад на буџетот. И покрај напорите на управата за пронаоѓање нови спонзори, финансиската стабилност не беше обезбедена, а клубот веќе три месеци не може да ги исплати договорените обврски кон играчите.
Со тоа, сите ракометари добија слобода во изборот на нова средина. Иако клубот најверојатно ќе продолжи да се натпреварува во највисокото ракометно друштво во Швајцарија, очекувањата се дека првиот тим ќе биде значително подмладен и формиран од сопствениот младински погон.
Повеќе ракометари од звучните имиња си заминаа, а останува да видиме кој ќе биде чекорот на поранешниот македонски репрезентативец.
