Јуркиевич има напукнати лигаменти на коленото, предвреме заминува во пензија

Поранешниот соиграч на Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид, полскиот бек Мариуш Јуркиевич, ја заврши сезоната поради овреди на натпреварот против Монпелје и најави дека можеби тоа ќе значи и заминување во пензија. Дополнителни прегледи ќе потврдат колкава пауза го очекува 38-годишниот Јуркиевич, кој подоцна ќе ја донесе својата одлука.

Полскиот бек има напукнати лигаменти од коленото, па веројатно ќе биде неопходна хируршка интервенција за отстранување на болките и проблемите. Со оглед на тоа што претходно двапати имаше иста повреда на вкрстените лигаменти на коленото, Јуркиевич е и повеќе од претпазлив околу враќањето на теренот.

Бекот на Киелце во Шпанија настапуваше за Арате, Портланд Сан Антонио и Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), а во Полска го носеше дресот на Висла Полок и на почетокот од кариерата, Заглебје Лубин.

Со полската репрезентација освои бронза на Светското првенство во Хрватска во 2009 и во Катар 2015 година. Со националниот тим освои и олимписка бронза во Рио Де Жанеиро во 2016 година.