• Мартин Танасковски
Женската ракометна репрезентација на Данска се пласира во четвртфиналето на турнирот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) по четири одиграни кола во групната фаза. За тимот ова беше јубилејна 20. победа на Олимписките игри.
Скандинавките дојдоа до победа во дуелот против Германија (28-27) кој беше супер-интересен. Германките не се предадоа лесно, а кобен за нив беше еден момент во второто полувреме. Цело време селекцијата беше рамо до рамо со Данска, се до 21-22, кога прими четири гола во серија.
Откако Мајдхоф доби исклучување, во мрежата на Германките погодија Фрис, Јоргенсен, Хојлунд и Јенсен, па така Данките заминаа на високи 26-21. До финишот, Германија намали на еден гол негатива, но немаше време за повеќе.
Прво име кај стрелците беше Хојлунд од Данска со седум гола, пред Фрис и Иверсен со по пет гола, а кај Германија, Бехренд имаше шест, а Мајдхоф погоди пет пати.
ФОТО/Photo: IHF