Јовиќ: Самото учество на Ф4 за нас е голем успех

Еурофарм Пелистер 2 на Александар Јовиќ направи уште еден чекор напред во својата историја. За првпат играше на Ф4-турнирот во Купот на Македонија, а ждрепката посака да вкрсти со Вардар 1961 против кого загуби со 24-28 и застана во полуфиналето.

Сепак, тренерот на младите пелистерци не е разочаран. Јовиќ вели дека учеството на Ф4 турнирот е успех за овој млад тим, а на овој дуел како пресудни ги гледа неизнудените грешки против поквалитетниот ривал.

„Честитки за противникот за победата и коректната игра. Самиот наш пласман во полуфинаелто е голем успех за нас. Игравме коректно, дадовме максимум, но противникот е многу поквалитетен и поикусен ривал. Сакавме да ја подобриме реализацијата и да ги намалиме техничките грешки. Во реализацијата бевме одлични, но направивме многу неизнудени грешки и тоа екипа како Вардар 1961 знаеше да го казни“, изјави Јовиќ.

Еурофарм Пелистер 2 во следната рунда на домашната сцена игра со првиот тим на Еурофарм Пелистер, а потоа следи натпревар против ГРК Охрид на гости.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија