• Горан Упале

Екипата на Еурофарм Пелистер в среда ќе го пречека тимот на Кил во третото коло од групниот сегмент на Лигата на шампионите. Германскиот шампион гостува во Битола, во натпревар во кој „зелено-белите“ одново ќе бидат пред голем тест.
Тренерот Александар Јовиќ вели дека крајно време е екипата да се покаже во поинакво светло и смета дека прашање на денови е кога неговите ракометари вистински ќе проработат.
„Го пречекуваме шампионот на Германија и сите знаеме со каков противник треба да се судриме. Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло и по натпреварот сите да бидеме задоволни од одиграното.
Со сигурност ви тврдам дека Еурофарм Пелистер ќе ги исполни сите цели за оваа сезона. Имаме комплетно нова екипа и ние треба време. За брзо време ќе се претставиме во најдоброто светло. Добро ќе се спремиме за Кил и ќе извадиме максимум од екипата.\
Направивме анализа на натпреварите на Кил, преферираат модерен ракомет и динамична игра. Ќе се обидеме да наметнеме темпо кое нам ни одговара. Треба да играме трпеливо во напад и со тоа ќе спречиме нивна брза игра. Еурофарм Пелистер само ќе расте, одигравме два натпревари од Суперлигата и тие добро ни дојдоа. Играчите почувствуваа и добра игра и победи и прашање на денови е кога ќе проработиме“, рече Јовиќ.
Натпреварот меѓу германскиот и македонскиот шампион се игра в среда, со почеток од 18:45 часот.