Јовановска од Шведска се сели во норвешки Скрим Конгберг

Дајана Јовановска се реши за нов предизвик во својата кариера и на напушти Шведска, но не и Скандинавија. Македонската репрезентативка се раздели со тимот на Кристијанштад и во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Скрим Конгберг од Норвешка.

Скрим во претходната сезона не успеа да обезбеди опстанок во првата лига на Норвешка, но со доведувањето на неколку квалитетни ракометари ова лето цели кон експресно враќање во елитата. Јовановски и Скрим своето деби во новиот шампионат ќе го имаат на 8 септември против тимот на Флинт Тонсберг. 

Пред да замине за Скандинавија, Јовановска пет сезони го носеше дресот на Металург, клуб кој е најзаслужен за нејзиниот развој и местото во репрезентацијата.