Јовановска и Белеска си заминуваат од Данубиус Галаци

Двете македонски интернационалки, Дајана Јовановска и Андреа Белеска нема да го носат дресот на Данубиус Галаци во следната сезона. Романскиот тим реши да не го продолжи договорот со двата бека. 

Јовановска две сезони беше дел од овој романски тим и прикажуваше одлични партии, посебно во одбраната, додека Белеска во последната сезона беше дел од Данубиус и му помогна да го обезбеди опстанокот во најквалитетната конкуренција.

Во Данубиус Галаци настапува уште една Македонка, Елена Ливриниќ, за која се уште нема информација дали ќе го продолжи престојот во Романија.