Јована Живковска останува верна на ЖРК Куманово

Куманово

Екипата на ЖРК Куманово продолжи да потпишува нови договори со своите најдобри ракометарки.

Последна која стави потпис на нова соработка е Јована Живковска. Таа потекнува од школата на кумановчанки и игра на левата крилна позиција. Верноста со клубот претходно ја продолжија уште Пена Граматова и македонската репрезентативка Наташа Нолевска.

Куманово ќе ја претставува Македонија во Европскиот Куп. Таму ќе се надигрува со Макаби Аразим во второто квалификациско коло.