Јотиќ: Убедлива победа, иако примивме повеќе голови од тоа што требаше 

Ловро Јотиќ одигра уште еден фантастична партија во дресот на Вардар. Хрватскиот бек беше расположен за надигрување против Металопластика и со десет гола во српската мрежа беше најзаслужен за убедливата победа на својата екипа од 39-31.

Идниот среден бек на Лајпциг во Бундеслигата, вели дека Вардар прими многу погодоци, но сепак смета дека денешната победа е доволно убедлива за пласман во четвртфиналето во СЕХА.

„На крај убедлива победа, иако примивме повеќе гола од тоа што очекувавме. Но, мислам дека разликата е солидна и утре шанса ќе добијат ракометарите кои имаа помала минутажа оваа сезона. Без разлика на сè, сакаме победа и на утрешниот натпревар, за сезоната да се заврши како што треба. Честитки за ракометарите на Металопластика за фер и коректниот натпревар“, вели Јотиќ. 

Покрај Јотиќ, во редовите на Вардар одличен беше и Дибиров со седум гола, а солиден настап имаа и голманите Кантегрел и Кизиќ.