Јотиќ: Респект за Тиквеш, но сакаме бодовите да ги донесеме во Охрид

Ракометарите на Охрид в сабота гостуваат во Кавадарци, каде во рамките на 15 коло од Супер лигата ќе ги одмерат силите со ракометарите на Тиквеш.

Дуелот во „Јасмин“ го најави хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ

„Пред нас е претпоследниот натпревар во оваа полусеозна против Тиквеш во Кавадарци и веруваме во победа. Ова ќе биде едно од најтешките гостувања и мораме да бидеме максимално сконцентрирани доколку сакаме да ги освоиме сите бодови. Максимално ја респектираме екипата на Тиквеш и се подготвуваме со целосен фокус“, вели Ловро Јотиќ.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид в сабота попладне се игра со почеток во 18:00 часот.