• Иван Димовски
Ракометниот клуб Охрид денес го официјализира големото засилување во името на Ловро Јотиќ. Хрватскиот интернационалец потпиша двегодишна соработка со „гладијаторите“ и при потписот откри дека е среќен за новиот предизвик.
„Среќен сум и задоволен што конечно пристигнав во Охрид. Бев примен од играчите и раководството на најдобар можен начин. Трет пат доаѓам во Македонија и затоа имам голема почит кон Македонците. Каде и да сум бил! Ме чека првиот тренинг со тимот и треба полека да се вклопам во тимот. Имаме многу работа, но мислам дека можеме да очекуваме добра сезона. Не сакам да давам големи најави, но ќе работиме да бидеме подобри од натпревар во натпревар и на крајот ќе видиме до каде сме и што направивме“, изјави Јотиќ.
Краток коментар за големото засилување даде и тренерот Стефче Алушовски, кој е среќен за доаѓањето на Јотиќ.
„Ја продолжуваме соработката воспоставена во Пелистер и Вардар. Добро ги познавам квалитетите на Јокиќ кој очекувам брзо да се вклопи во екипата. Тој е одличена личност со извонредни човечки квалитети“, изјави Алушовски.
Јотиќ ќе се стави на располагање на тренерот и ќе почне да тренира со својот тим, па ќе се чека и неговото деби.