ВИДЕО: Јотиќ и Граџан го „изиграа“ Веспрем, за експлозија во битолската сала! 

Преполна сала во Битола го пречека европскиот вицешампион Веспрем, а домашните ракометари им приредија вистински спектакл на домашната публика. 

По првите 30 минути Еурофарм Работник има водство против големиот фаворит од Унгарија со 14-8, а покрај тоа „фармацевтите“ на неколку пати им „продадоа“ атракции на ѕвездите на Давид Дејвис. Кон средината на полувремето хрватско-босанската врска проработи – Јотиќ мајсторски асистирише до Граџан, а овој итро го надмудри Чупара за овации кај домашните фанови.

Атрактивниот потег на Јотиќ и Граџан против Веспрем:

Покрај одличната игра во напад, битолчани на голот го имаат неверојатниот Никола Митревски, кој зад своето име запиша десет одбрани.