Јотиќ е МВП на добојскиот турнир, Еурофарм се враќа со 7.500 евра

Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ е МВП на 51-то издание на ТВ Турнирот на шампионие во Добој. Само една недела откако беше прогласен за најкорисен ракометар на турнирот во Струга, Хрватот ги освои симпатиите и во Добој.

Во идеалниот тим се најде и Невен Стјепановиќ од екипата од Битола.

Идеален тим на 51-от ТВ Турнир на шампионите:
Најдобар голман: Марио Цвитковиќ (Татран Прешов)
Најдобро лево крило: Вања Илиќ (Шартр)
Најдобар лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов)
Најдобар среден бек: Владимир Станковиќ (Слога Добој)
Најдобар десен бек: Невен Стјепановиќ (Еурофарм Работник
Најдобро десно крило: Мортен Троелсен (Шартр)
Најдобар кружен напаѓач: Јусеф Бен Али (Шартр)
Најдобар стрелец: Владимир Станковиќ (Слога Добој)
Најкорисен играч (МВП): Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)

Битолчани се враќаа од турнирот во БиХ побогати за 7.500 евра.