ВИДЕО: Јотиќ, Циндриќ, Борозан, Јагањац... – СЕХА ги избра најатрактивните голови од далечина

Во недостаток на ракометни натпревари, медиа тимот на СЕХА лигата ја освежува меморијата на своите фанови и прикажува моменти кои го одбележаа ова натпреварување низ годините. 

На ред дојдоа головите од голема далечина, а меѓу најатрактивните имаше место за играчи на Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер. Изборот го предводи членот на Мешков Брест, Петар Ѓорѓиќ, па следува Лука Циндриќ како член на Вардар. На третото место е Јовро Јотиќ, па следуваат Борозан, Јагањац и Обрадовиќ.

Сезоната во СЕХА лигата е во мирување и наскоро треба да се донесе конечна одлука дали и кога ќе се одигра завршниот турнир, кој во април требаше да се одржи во Задар.