Јонеа се раздели со Спортинг и се врати во Романија

По тренерот Tиери Анти и левото крило Никчевиќ, екипата на Спортинг Лисабон се раздели со уште еден искусен ракометар. 

Романското десно крило, Валентин Јонеа, ја заврши својата двегодишна авантура во редовите на португалскиот клуб и се враќа во татковината. 36-годишниот репрезентативец на Романија од следната сезона ќе тресе мрежи за Динамо Букурешт, клуб со кој потпиша двегодишен договор. 

За Јонеа ова е враќање во романскиот гигант по пауза од 13 години, откако претходно настапуваше во периодот од 2005 до 2007 година. 

Искусното крило на својот грб има големо искуство, играјќи за квалитетни екипи како ПИК Сегед, Констанца и Висла Плок. Јонеа е добро познат кај македонската ракометна публика, пред сè битолската, затоа што оваа сезона во салата „Боро Чурлевски“ беше непогрешлив и со десет гола му донесе победа на Спортинг Лисабон на натпреварот од Лигата на шампионите против Еурофарм Пелистер.