Јиха: Вардар се бореше како и секогаш, видовме дека ни се врати

Филип Јиха вторпат го надмудри Веселин Вујовиќ, Кил вторпат беше подобар од Вардар оваа сезона во Лигата на шампионите, овој пат на домашен терен (32-30). По дуелот, стратегот на „зебрите“ му честита на ривалот за борбата во текот на целиот меч.

„Мислам дека направивме добра работа, но на крајот не го направивме финалниот чекор и не ги користевме шансите. Вардар се бореше исто како и на секој меч и како секогаш, видовме дека се вратија. Одигравме еден тежок меч во кој ги освоивме посакуваните бодови. Но, сега мора да го заборавиме овој дуел и мора да победуваме и на следните мечеви“, изјави Јиха.

Кил цели кон втората позиција на табелата во Лигата на шампионите која води директно во четвртфиналето и до крајот го чека голема борба со ривалите.