Јиха: Вардар е Вардар, во било каква ситуација не смее да се потцени

Европскиот шампион Вардар ќе му гостува на Кил во второто сезонско соочување во Лигата на шампионите против германскиот гигант. На првиот меч вардарци доживеаја дебакл во Скопје, па сега ќе сакаат да го поправат впечатокот.

Тренерот на германскиот клуб Филип Јиха претпазливо го најави дербито од 11. коло во Лигата на шампионите. 

„Добро е што ќе врземе неколку меча во низа на домашен терен. Некои од ракометарите се уморни од настапот на Европското првенство, па недостатокот на патувања во овој дел од сезоната е одлична вест за нас.

На гости ни доаѓа Вардар кој е бранител на титулата во Лигата на шампионите. Никогаш не смее да се потцени тим како Вардар кој има големо искуство и сигурно ќе сака да се одмазди за домашниот пораз од нас. Наша цел ќе остане победата и бодовите на овој тежок натпревар“ , изјави предводникот на „зебрите“.

Кил е лидер во групата Б по десет одиграни кола, а Вардар на шестата позиција со дури пет порази.

Натпреварот се игра в среда со почеток од 19:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4