Јиха: Моите ракометари беа тажни по ремито со Веспрем

Синоќа екипите на Кил и Веспрем одиграа драматичен натпревар во Лигата на шампионите, кој заврши со поделба на бодовите. Големото дерби во европската елита донесе безброј атрактивни потези, многу пресврти и голема борба, но и разочарување на германските ракометари.

Кил во самиот финиш влезе со позитива од четири гола (31-24) и се чинеше дека прашањето на победникот е решен, но до крајот на натпреварот не постигна ниту еден гол и мораше да се задоволи со реми.

Коментар за натпреварот даде и тренерот на германскиот тим Филип Јиха, кој потврди дека неговите момци беа многу разочарани во соблекувалната.

„Овој натпревар се играше на највисоко ниво. Кога влегов во соблекувалната, моите играчи беа малку тажни затоа што не постигнаа гол во последните пет минути. Но, ние одигравме навистина добро“, рече некогашниот најдобар ракометар на светот.

Нашиот репрезентативец Дејан Мансков имаше одличен натпревар со три гола од исто толку обиди.