Јиха: Играа две екипи на исто ниво, додека не дојдоа вардаровите грешки во финишот

Филип Јиха, стратегот на Кил, изрази задоволство од мечот со Вардар и новата убедлива победа во Лигата на шампионите (33-23) со која бундеслигашот се зацврсти на лидерската позиција.

Дуелот во Германија мина во тотална доминација на „зебрите“, нешто што Јиха го посакуваше пред мечот. Чехот по средбата изјави дека во голем дел од натпреварот играле две изедначени екипи.

„Денес играа два тима кои се на исто ниво. Но, во финишот Вардар направи неколку грешки, а ние со голови од контра напад постигнавме лесни голови и го „прекршивме“ натпреварот. Ни помогна и одличниот Ландин. Победивме силен тим како Вардар, а тоа никогаш не е лесно“, рече на прес-конференцијата Јиха.

Ова е трета победа на Јиха против Вардар, откако во август славеше на ИХФ Супер Глоуб во Саудиска Арабија, а во октомври во Скопје во првиот натпревар од групата во Лигата на шампионите. 

Кил во наредното коло го чека ново дерби на домашен терен, против унгарски Веспрем. Доколку дојде до полн плен, германскиот првак ќе биде во пол-позиција за директно четвртфинале во Лигата на шампионите.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4