Јевтиќ: Нè очекува тежок и неизвесен натпревар против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Бутел Скопје ќе го дочекаат Еурофарм Пелистер 2 во рамките на второто коло во плеј-оф сегментот во Суперлигата на Македонија. Во пресрет на мечот со младите пелистерци, своите очекувања ги изнесе Владимир Јевтиќ, кој кажа: 

„Нè очекува тежок и неизвесен натпревар, двете екипи почнаа со порази во плеј-офотт и со сигурност и тие ќе сакаат да победат како нас. Сметам дека сме благи фаворити, играме дома и не смееме да загубиме. Еурофарм Пелистер 2 е млада и брза екипа, во која крилата ги казнуваат противничките голмани, а тоа најдобро го видовме во мечот против Охрид“. 

Пресметката меѓу Бутел и Еурофарм Пелистер 2 во истоимената скопска населба се игра в недела во терминот од 18:00 часот.