Јеспер Јенсен се повлекува од женската репрезентација на Данска

Селекторот на женската репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен, се повлекува од своето работно место, иако имаше важечки договор до летото 2026 година. 

47-годишниот стратег реши да го заврши својот мандат годинава и ќе побара друг ангажман, на големо изненадување на навивачите кои беа задоволни од неговата работа. Под негово водство Данска се пласираше во пет полуфиналиња на големите натпреварувања, вклучително и на Олимписките игри во Париз, каде се закити со бронзениот медал. 

Во својата колекција има и два бронзени медали од Светските првенства во 2021 и 2023 година, а на континенталните собири се закити со две сребра, но никогаш не успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот.