Јенсен броеше до 24 одбрани, Веспрем со ракометна лекција за Бразилците

Унгарски Веспрем со победа над бразилски Таубате (43-17) го отвори настапот на Светското клупско првенство (СКП) кое се одржува во Каиро, Египет и е настан на кој важи за еден од фаворитите за тронот.

Првакот на Унгарија во овој меч влезе како голем фаворит и тоа го оправда на теренот. Блескаше Веспрем уште од стартот, предноста ја градеше од минута во минута, а работите беа јасни уште на полувремето кога резултатот гласеше 22-6.

Најдобар стрелец кај победникот беше Дескат со десет гола, пред Елисон со осум реализации, а голманот Јенсен верувале или не запиша 24 одбрани. Кај бразилскиот претставник, Феликс да Силва и Де Андраде погодија по четири пати.

Во следното коло на СКП, Веспрем игра за првото место во групата со Замалек од Египет.