Јасухира си заминува, Вардар ќе мора да бара нов среден бек!

Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 за следната сезона ќе остане без својот најдобар ракометар. „Handball_arabic“ пишува дека Косуке Јасухира е нов член на Бурган, клуб од Кувајт.

23-годишниот среден бек беше водечка сила на „црвено-црните“ во минатата сезона, но раководството на клубот не успеа да го задржи одличниот Јапонец во своите редови. Најверојатно понудата од Кувајт беше тешко да се одбие.

Инаку, Јасухира во Вардар 1961 настапуваше како позајмен ракометар на Висла Плок и со своите феноменални партии ги освои симпатиите на фановите на најтрофејниот, но по само една сезона дојде време за разделба. 

Инаку, Јасухира неодамна ги бранеше боите на Ал-Кадсија на азискиот шампионат и придонесе за освојување на третото место.