Јапонка ќе го разигрува ЖРК Чаир

Екипата на ЖРК Чаир донесе уште едно странско засилување за продолжението од сезоната и потпиша со играч од Јапонија.

Се работи за Цуји Нанока, ракометарка родена 1999 година. Настапува на позицијата среден бек и се очекува да биде од голема важност за чаирчанки за продолжението од сезоната во македонскиот шампионат.

Амбициите на ЖРК Чаир оваа сезона се шампионскиот трон. Главен конкурент на тимот на Љатифи ќе биде ЖРК Ѓорче Петров.