Јапонија го надигра Бахреин, Бразил му нанесе нов убедлив пораз на Уругвај

Ракометната репрезентација на Јапонија со победа ги заврши своите настапи на Светското првенство во Египет, откако во последниот натпревар од главната фаза запиша сигурна победа над селекцијата на Бахреин од 25-29.

Јапонците, предводени од исландскиот стратег Сигурдсон, одиграа квалитетен ракомет во текот на сите 60 минути и заслужено впишаа нови бодови на своето конто, по историското реми против европскиот вицешампион Хрватска. Јошино со девет и Ватанабе со осум гола беа најрасположени во таборот на азиската селекција, додека кај Бахреин се истакнаа Ахмед и Ал-Сајад со по пет гола.

Селекцијата на Уругвај повторно запиша убедлив мундијалски пораз, овој пат од Бразил со 20 гола разлика (37-17). Уругвајците, кои без победа се пласира во втората фаза (по откажувањето на Зеленорските острови), повторно немаа сила барам за пристоен пораз, иако „кариоките“ на овој натпревар играа со комбиниран состав.

Луциано со седум гола беше најпрецизен во редовите на Бразил, додека поранешниот вардарец Мораеш броеше до пет гола.