Јанкуловска со десет гола му ја заврши евро-авантуата на ЖРК Чаир

Македонија остана без клупски претставник во Европа, затоа што ЖРК Чаир го загуби и реваншот со Славија Прага (29-33) и така се прости од настапите во евро-куповите.

Чаирчанки беа наш единствен претставник во рамки на Европскиот куп на ЕХФ, двата меча се играа во Скопје, но првиот убедлив пораз од 11 разлика (20-31) си го стори своето. Реваншот  беше само формалност за Чехинките кои си ја одработија задачата рутински.

Најдобар стрелец кај ЖРК Чаир беше Ѓорѓиевска со десет гола, а Гулицоска и Дукоска погодија по шест пати, додека кај Славија, Јанкуловска погоди десет пати.

Сега за ЖРК Чаир следат дуелите на домашната сцена, каде со ЖРК Ѓорче Петров и Металург Автокоманда ќе се борат за највисоките дострели.