Јанкуловска: Ова ЕП е исполнување на сонот и голема шанса за нашиот млад тим

Ракометарките на Македонија загубија од Шведска на стартот на Европското првенство, а во втората рунда ги очекува средбата со Турција. Меѓу двата натпревари своја анализа на одиграното и кратка најава на тоа што следи даде Марија Јанкуловска.

„Шведска е неверојатен ривал, а ние сме млад тим и ова е огромна шанса за нас да се презентираме пред Европа. Овој шампионат е исполнување на сонот и беше навистина добро да се игра со таков ривал. 

Што се однесува до дуелот со Турција, тоа е за нас клучната средба. Се подготвуваме одлично за нив, се надевам дека ќе одиграме подобро и ќе победиме. Можеме да ја подобриме дисциплината и мислам дека имаме шанса за победа. Треба да ги ограничиме грешките, но мислам дека фокусот мора да ни е на кревање на дисциплината“, изјави Јанкуловска.

Македонија ќе се судри со Турција во втората рунда од групата А, в сабота во вечерниот термин.