Јанц не патува за Запорожје бидејќи очекува да стане татко

Јанц

Барселона ќе гостува кај Мотор Запорожје во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Со дозвола од тимот, Словенецот Блаж Јанц ќе остане во Шпанија каде ќе очекува да стане татко. Покрај него, во каталонскиот тим нема да биде Алекс Пасквал и тренерот Чави Пасквал кои добија позитивни резултати на коронавирус.

Заменикот на Пасквал, Фернандо Барбеито, исто така поради повреди нема да може да смета на Тим Н'Гесан и Јуре Доленец.

Барса се надева дека ќе прокнижи први бодови во новата сезона против еден од аутсајдерите во групата Б.