Јанц: Можеби имаше подобри од нас, но пресуди тоа што сме фамилија!

Барселона го крена трофејот во Лигата на ракометните шампиони по дванаесетти пат, откако го доби финалето против Алборг (30-31). Каталонскиот гигант по драматична завршница издржа и покажа кој е кој во ракометна Европа.

По победата тимскиот дух на Барселона го испофали словенечкиот ракометар Блаж Јанц.

„Не веруваа многу луѓе дека можеме до победа. Домен ни се повреди на почетокот на сезоната. Игравме долго време без среден бек. Ни замина Фабрегас, многу прашања. Сепак, на крај се покажа дека оваа екипа има срце. Сите луѓе гледаат дека живееме еден за друг, ние сме фамилија и најдобри пријатели. Можеби имаше и подобри екипи од нас во ЛШ, но тука се гледа хемијата која пресуди. Немаме граници“, изјави Јанц.

За Барселона ова беше трета титула во последните четири сезони, а токму од 2020 година Јанц е дел од тимот.