Јанц ќе заокружи деценија во Барселона, доби договор до 2030 година

Словенечкиот ракометен репрезентативец, Блаж Јанц, потпиша нов договор со Барселона, кој има важност до 30 јуни 2030 година. Иако неговиот претходен договор со каталонскиот гигант истекуваше во летото 2028 година, клубот и играчот се договорија за продолжување на соработката за уште две дополнителни сезони.

Со овој нов потпис, универзалецоt кој пристигна во тимот во 2020 година, се очекува да заокружи цела деценија во дресот на „блауграна“ тимот. Од своето доаѓање Janc освои четири титули во Лигата на шампионите.

Словенецот е еден од најважните столбови во тактиката на тренерот Карлос Ортега поради неговата способност еднакво квалитетно да игра и како десно крило и на бековските позиции.