• Горан Упале
Јавноста во Словенија беше скептична во пресрет на двомечот на ракометарите против Македонија во рамки од квалификациите за Европското првенство, кое ќе се одигра следната година.
Поради проблеми со повреди селекторот Урош Зорман не можеше да смета на неколку клучни ракометари, но и покрај тоа Словенија запиша две победи и го потврди учеството на континенталниот собир.
„Имаше некои сомнежи во јавноста пред натпреварите со Македонија, пред сè поради огромниот број повредени играчи на наша страна.
Од првиот ден кога се сретнавме, како капитен верував во моите оиграчи и во двете победи. Сите момци играат важна улога во своите клубови, сите тие го потврдија тоа во двата натпревари оваа недела. Многу сум среќен, особено за победата во Скопје, каде беше многу тешко да се игра по само еден заеднички тренинг“, рече капитенот на Словенија, Блаж Јанц.
Македонија, пак, ќе мора да брка победи против Естонија и Литванија во последните два натпревари за да го продолжи континуитетот на настапи на големите собири.